Мислите „мојот сајт е мал, тоа не ме засега“? Ако имате контакт-форма, Google Analytics или продавница — собирате лични податоци и правилата важат и за вас. Еве го практичниот минимум. (Напомена: ова е општ водич, не правен совет — за конкретен случај, консултирајте правник.)
1. Политика на приватност
Страница што кажува: кои податоци ги собирате (име, е-маил, телефон…), зошто, колку ги чувате, со кого ги споделувате (пр. курирска служба за достава), и како корисник може да побара бришење. Јасен јазик — не копиран странски текст од 5.000 збора што никој не го чита.
2. Согласност за колачиња
Ако користите аналитика или маркетинг-пиксели, банерот за колачиња треба да овозможи вистински избор (прифати / одбиј), а не само „ОК“. Нужните технички колачиња (кошничка, најава) не бараат согласност — но кажете дека постојат.
3. Формите
Кај секоја форма: кратка реченица зошто ги барате податоците + чекбокс за согласност кај чувствителни намени (newsletter, маркетинг). Не собирајте повеќе отколку што ви треба — помалку податоци, помала одговорност.
4. Продавниците — двојно внимание
Податоци за нарачки и наплата: чувајте ги само колку што мора, а картичните податоци НИКОГАШ кај вас — тие одат директно кај банката/процесорот (затоа наплатата преку CaSys/cPay е и правна заштита).
Брза само-проверка
Има ли сајтот: страница за приватност во футер ☐ банер за колачиња со избор ☐ согласност кај newsletter форма ☐ SSL ☐. Четири штиклирања = мирен сон.