Сликата е првото што го гледаат — и во листата на блогот, и на Facebook. Еве како да ја поставите правилно.
Што е истакната слика
Тоа е главната слика на објавата: се појавува во листата на блогот, обично на врвот на статијата, и — најважно — таа е сликата што Facebook ја зема при споделување. Ако објавата ви изгледа „гола“ на Facebook, најчесто нема истакната слика.
Како се поставува
Во уредувачот, десното мени → долу Истакната слика (Featured image) → Постави → качете или изберете од библиотеката. Готово.
Димензии што работат
- 1200×630 пиксели — соодносот што Facebook и LinkedIn го сакаат; со него нема отсечени глави и текст
- Под 200-300KB — компресирајте пред качување; слика од телефон (5MB) го влече блогот надолу
- Сите истакнати слики со ИСТ сооднос — инаку листата на блогот скока и изгледа неуредно
Слики во телото на текстот
- Блок Слика на секои 300-400 збора — текст без слики уморува
- Ширина колку што е потребно: 800-1000px е доволно за содржината
- Опис (caption) под сликата — се чита често, искористете го
- Alt текст — задолжително: опишете што се гледа. Тоа е за читачи на екран, за Google Слики, и кога сликата не се вчита.
Каде да најдете слики
Најдобро — свои. Ако не: бесплатни библиотеки со дозвола за комерцијална употреба (Unsplash, Pexels, Pixabay). НИКОГАШ слики од Google Пребарување — тоа е туѓ труд и може да ве чини казна, а и сите ја препознаваат истата фотографија.
Ако Facebook сепак покажува стара слика
Facebook кешира. Отворете го Sharing Debugger, залепете ја адресата на објавата и кликнете Scrape Again — сликата се освежува веднаш.