Најчестото разочарување по објава на сајт: „Го барам името на фирмата и не сум таму“. Пред да плаќате за SEO пакети, поминете ги овие седум причини — обично една од нив е сè.
Прво: дали воопшто сте индексирани?
Во Google впишете: site:vasdomen.mk (без празно место). Ако нема ниту еден резултат — Google не ве гледа воопшто. Ако има — постоите, само не ранкирате. Тоа се два сосема различни проблема.
Ако НЕ сте индексирани
- 1. „Discourage search engines“ штиклирано — WordPress Поставки → Читање. Виновникот бр. 1 по лансирање: изработувачот заборавил да го отштиклира.
- 2. Нема Search Console — поврзете го сајтот на search.google.com/search-console и пратете sitemap. Тоа е поканата за Google.
- 3. Сајтот е премлад — индексирање трае денови до недели. Трпение.
- 4. robots.txt блокира — отворете vasdomen.mk/robots.txt; ако пишува Disallow: / — тоа е тоа.
Ако сте индексирани, но не ранкирате
- 5. Немате содржина за тоа што се бара — ако нигде на сајтот не пишува „веб дизајн Штип“, тешко ќе се појавите за тоа
- 6. Насловите се празни — „Home“, „Untitled“ или исто на секоја страница; секоја страница треба свој наслов со клучен збор
- 7. Конкуренцијата е посилна — за општи термини („хостинг“) се борите со светот; таргетирајте специфично: услуга + град + намера
Реалниот распоред
Индексирање: денови. Прво движење: 4-8 недели. Стабилни позиции: 3-6 месеци. Секој што ви ветува прво место за недела — ве лаже.
Да ги провериме заедно овие 7 работи? →