Иронија на е-трговијата: месеци градите продажба, а сајтот паѓа точно во часот кога сите купуваат. Празничните кампањи се добиваат 4 недели ПРЕД празникот. Еве го планот.
4 недели пред: техника
- Капацитет — очекувате 5-10 пати повеќе посети? Разговарајте со хостингот за засилување (кај нас: Бизнис пакет со Турбо или привремено зголемени ресурси)
- Брзина — компресирајте ги сликите на акциските производи СЕГА; секоја секунда на Црн петок чини нарачки
- Тест на наплатата — цела нарачка со картичка, од кошничка до потврда; проверете и е-маил известувањата
2 недели пред: понуда
- Јасни попусти (стара/нова цена) — „до -70%“ на кое ништо не е -70% ја убива довербата трајно
- Банери и посебна акциска страница/категорија
- Најавете на е-маил листата: „затоплување“ мејл пред, потсетник на денот
Недела пред: логистика
Залихи усогласени со сајтот (нема полошо од продадено-а-нема), договор со карго за зголемен обем, и јасен рок за достава НА сајтот — очекувањата спречуваат лутина.
Ден Д
Гледајте во живо: нарачки, брзина, грешки. Имајте контакт до поддршката на хостингот (ние сме будни тие денови). И не пуштајте нова верзија на сајтот НА самиот ден — промените се за после.